Емануел Денис го креираше најголемото изненадување на вчерашните натпревари во Лигата на шампионите. 21 годишниот Нигериец со двата гола во првото полувреме го замолкна „Сантијаго Бернабеу“. на крајот Реал некако успеаја да освојат еден бод.
Првиот гол Денис, со многу среќа, го постигна во деветтата минута, а кога во 39 минута повторно го совладаа Куртоа, тој реши голот да го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.
Ниегериецот на новинарите им открил зошто решил да прослави на таков начин.
„Кристијано Роналдо е мојот омилен фудбалер. Не сум среќен што замина од Реал Мадрид. Решив да прославам на тој начин за да им покажам дека нешто им недостига“, рекол Денис.