Српскиот тренер Радомир Антиќ може да се пофали дека бил тренер на трите најголеми шпански клуб: Реал, Барселона и Атлетико. За италијанските медиуми тој го анализирал почетокот на сезоната. Не бил импресиониран од она што досега го видел.
„Барселона не доминираат, не гледам дека имаат идеја во играта. Се чувствува дека имаат проблем со самодовербата. Победата над Хетафе (во саботата 2-0) не дојде како последица на добрата игра“, рекол Антиќ.
Српскиот тренер за Реал рекол дека тој тим не може да доминира, ниту може да се наметнат на теренот, ниту имаат лидер на теренот.
„Азар засега не ги исполни очекувањата, ќе му биде потребно време“.
На крајот „удрил“ и по клубот со кој ги постигнал најголемите успеси во Шпанија, Атлетико Мадрид.
„Да се биде прв или втор, да победуваш без игра со гол разлика, мене такви работи не можат да ме импресионираат. За Атлетико и Реал важи истото, многу се послаби на теренот од она што го очекувавме, особено по сите звучни засилувања што ги реализираа во преодниот рок“, заклучил Антиќ.
Србинот го предводел Реал во периодот 1991-1992, тренер на Атлетико бил во три мандати (1995-1998, 1999 и 2000), а во Барселона работел во 2003 година.