Top Sport

Мурињо ќе биде наследникот на Покетино

Обложувалниците во Англија се сигурни дека Маурисио Покетино нема уште долго да биде тренер на Тотенхем. Позициите на Аргентинецот се сериозно разнишани по дебаклот (2-7) од Баерн во Лигата на шампионите.

Прогнозите се дека тој би можел да добие отказ викендов, во случај Брајтон да забележи победа над Тотенхем. Други шпекулации велат дека тој нема да го дочека дуелот против Црвена ѕвезда на 19 октомври во Лигата на шампионите.

За уплатена една фунта на опцијата дека Покетино ќе добие отказ, англиските обложувалници исплаќаат две фунти.

Обложувалниците ги објавија и имињата на потенцијалниот наследник на Покетино. Изненадувачки на првото место е Жозе Мурињо, кој десет месеци е без работа, откако доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Втор на таа листа е поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, чие име се поврзува и со Манчестер Јунајтед, а шанси му се даваат и на актуелниот менаџер на Борнмут, Еди Хау.

Scroll to Top