Top Sport

„Бара да не го викам Канте, а на Жиру не му дава да игра“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан, го објави списокот на фудбалери за квалификациските мечеви против Исланд и Турција.

Дешан во тимот го повика и играчот на Челси, Нголо Канте, кој поради повреда не играше на претходните два натпревари.

Селекторот на светските шампиони открил дека менаџерот на Челси, Френк Лампард, во телефонски разговор го замолил да не го вика Канте во репрезентацијата, бидејќи еден месец паузирал поради повреда.

„Лампард ме замоли да не го повикам Канте. Ми кажа дека тоа било добро за играчот и клубот. Можеби ќе го побарам подоцна и ќе му кажам: „Би били убаво ако го ставате и Жиру во составот“, се пошегувал Дешан.

Франција ќе игра против Исланд на 11 октомври, а три дена подоцна и против Турција.

Scroll to Top