Моќните европски клубови кои ја сочиниваат Европската асоцијација на професионални клубови, чии претседател не челникот на Јувентус, Андреа Ањели, не биле задоволни од начинот на кој ВАР-системот се користи во натпреварите во Лигата на шампионите.
Забележливо е дека ВАР многу повеќе се користи во националните шампионати, а во Лигата на шампионите во првите две кола судиите имаа пропусти, кога не бараа помош од видео-асистентот.
Пеналот за Наполи против Ливерпул, одбранетиот пенал на Тер Штеген против Барселона, недосудениот пенал за Интер против Барселона ги мобилизира моќните тимови кои до УЕФА ќе поднесат интересен предлог.
Предлогот е во фудбалот да биде воведено „Око соколово“ како во тенисот или одбојката. Клубовите бараат во секое полувреме тренерите да имаат право по еднаш да ја проверат судиската одлука.
Прашање е дали овој предлог ќе добие поддршка, но со огледа дека барањето доаѓа од најмоќните клубови во Европа, не е исклучено истиот да биде прифатен.