Реал Мадрид се огласија со соопштение по повод шпекулациите кои кружат во јавноста, а се поврзани со голманот Тибо Куротоа. Белгиецот е често критикуван и од навивачите и од јавноста, а по мечот со Клуб Бриж во Лигата на шампионите медиумите објавија на голманот му била дијагностицирана анксиозност.
Голем интерес во Шпанија предизвика одлуката на тренерот Зинедин Зидан, во полувремето на натпреварот со Клуб Бриж да изврши замена на голманите. Куртоа остана во соблекувалната, а на теренот излезе неговата замена Алфонс Ареола.
Во соопштението Реал потврдуваат дека Куртоа имал здравствени проблеми, но дека не станувало збор за анксиозност, туку за гастроенетритис.
Голманот добро реагирал на препишаната терапија, тврдат од клубот.
Тибо Куртоа сигурно ќе го пропушти натпревар со Гранада викендов, асе уште нема информација дали тој ќе брани за Белгија во наредните два квалификациски натпревари.