Луѓето задолжени за трансфери во Ливерпул, по налог на менаџерот Јирген Клоп, интензивно следеле тројца играчи, кои во блиска иднина би можеле да го облечат црвениот дрес.
Ливерпул, минатото лето потрошиле само два милиони евра за трансферот на младиот Холанѓанец Ван дер Берг, голманот Адан дојде во слободен трансфер, но јасно е дека во тимот е потребна „свежа крв“.
На радарот на Ливерпул биле играчи на Ајакс, Салцбург и Динамо Загреб.
Давид Нерез од Ајакас минатата сезона блескаше во редовите на холандскиот шампион. Успеа дури да забележи и пет настапи за репрезентацијата на Бразил. Тој има договор со Ајакс до јуни 2023 година, а конкуренција на Ливерпул за неговиот потпис му се Интер, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.
Во средата, скаутите на Ливерпул, во живо можеа да го видат 18 годишникот од Салцбург Доминик Собослај. И за него се интересираа неколку великани на европскиот фудбал: Јувентус, Ајакс и Интер.
Последен на овој список е играчот на Динамо Загреб, Дани Олмо. Шпанецот имаше желба летово да замине од Загреб, меѓутоа сумата од 40 милиони евра што ја барале од Динамо никој не сакал да ја плати.
Интерес за Олмо летово имаше кај Баерн Минхен, Манчестер сити, Тотенхем, Барселона и Атлетико Мадрид.