Top Sport

Биното горд на Ферари: Сега сите се обидуваат да го копираат нашиот болид

Тешко е да се верува дека Мерцедес и Луис Хамилтон ќе ја пропуштат шансата огромната предност во генерален пласман да ја претворат во нова двојна титула, но вториот дел од Ф1 сезоната е исклучително во знакот на Ферари, кои стигнаа до три победи во низа, покажувајќи дека нивниот болид има дизајн за победи.

Од Мерцедес изјавија дека веќе се фокусираат на следната сезона, но шефот на Ферари, Матија Биното вели дека со подобрувањето на сегашниот дизајн ќе имаат подобра стартна позиција и следната сезона, кога ќе нема големи промени на правилата.

„Правилата се во основа исти и мислам дека можеме да поставиме ресурси на развојот на болидот за веднаш да ги разбереме иновациите“, вели Биното во интервју за „Моторспорт“.

Дизајнот на предното крило на Ферари предизвика големо внимание уште при зимското тестирање и Биното вели дека тоа покажува дека неговиот тим има чувство за иновации.

„Сега, сите се обидуваат да не копираат, така што мислам дека завршивме добра работа. Болидот за 2020 нема да биде револуција, туку еволуција на овој дизајн“, вели Биното.

Scroll to Top