Top Sport

Бордо суспендираше тројца младински фудбалери за напад на соиграч

Тројца фудбалери од младинската школа на францускиот прволигаш Бордо се суспендирани од клубот по нападот на еден од нивните соиграчи, предизвикувајќи му сериозни повреди.

Инцидентот се случил на 30 септември на тренинг терените на Бордо, а сите вклучени фудбалери имаат по 16 години.

„Го поддржуваме нашиот повреден фудбалер и ќе бидеме покрај него во ова тешко време. Реагиравме веднаш на инцидентот и истрагата продолжува“, велат од клубот.

Според француските медиуми тензиите почнале два дена порано кога У-17 тимот загубил од Нант. По ова следувала физичка пресметка тој ден на теренот пред физичкиот напад. Жртвата има сериозна повреда на бутниот мускул. Тројцата насилници исто така во средата биле приведени во полициската станица во Мерињак, каде што биле испитувани, па пуштени на слобода.

Scroll to Top