Top Sport

Тим и Циципас ќе се борат за титулата во Пекинг

Австриецот Доминик Тим и Гркот Стефанос Циципас ќе се борат за титулата во финалето на АТП 500 тенискиот турнир во Пекинг.

Петтиот светски рекет, Тим во полуфиналето славеше победа над рускиот тенисер Карен Хачанов со пресврт, со резултат 2-1, или по сетови 2-6 7-6 и 7-5. Во вториот сет Русинот имаше сервис за меч, но Тим успеа да направи брејк и подоцна да го освои сетот.

Во второто полуфинале, Циципас во два сета славеше победа над Германецот Александер Зверев, резултатот беше 7-6 и 6-4.

Scroll to Top