Top Sport

ПСЖ го среди директниот конкурент во Лига 1 без Мбапе и Кавани (видео)

Францускиот шампион ПСЖ попладнево со 4-0 славеше лесна и убедлива победа против конкурентот за врвот на табелата во Лига 1, тимот на Анжер.

Иако „светците“ од Париз на овој дуел беа без двајцата напаѓачи, Килијан Мбапе и Едисон Кавани, сепак екипата на Томас Тухел има голгетери подготвени да ја завршат задачата.

Овогодинешното засилувањето од Севиља, Пабло Сарабија по само 13 минут игра го отвори резултатот.

На 2-0 ПСЖ зголему уште во првиот дел. Во 37 минута прецизно стрелаше Аргентинецот Мауро Икарди.

Во второто полувреме „светците“ продолжија со атакот на противничкиот гол што вроди со плод најпрво во 59 минута.

Засилувањето од Евертон, Идриса Гај погоди за 3-0, а точка на мечот стави Бразилецот Нејмар со погодокот во 91 минута.

Сега ПСЖ се осигура на врвот во Лига 1 со 21 бод, дури пет повеќе од денешниот противник, но и тимот на Нант кој има и меч помалку од конкурентите.

Scroll to Top