Top Sport

Михајловиќ се враќа на клупата на Болоња

Синиша Михајловиќ бил подготвен да ја напушти болничката постела за да ја предводи Болоња против својот поранешен клуб, Лацио.

Српскиот тренер чека дозвола од лекарите и најверојатно ќе ја добие. Во јули на Михајловиќ му била дијагностицирана леукемија. Тој изминатиот период се наоѓа на лекување со хемотерапија во болницата Сант Орсола во Болоња.

Прогнозите беа дека тој ќе се врати на клупата по репрезентативната пауза, меѓутоа тој барал дозвола од лекарите денес да го предводи својот тим.

Болоња во изминатите три кола освоија само еден бод. Тимот на Михејловиќ е 13 на табелата со осум бода.

Делот против Лацио ќе започне во 15 часот.

Scroll to Top