Оливие Жиру планира да побара Арсенал да го дадат на „позајмица“ на друг тим од Лондон во обид да си го гарантира местото во француската репрезентација на Мундијалот во Русија.
Жиру планира да остане во Лондон за да не го наруши мирот во своето семејство, но сака да игра редовно. Во текот на летото, Жиру беше блиску до трансфер од 40 милиони евра во Евертон, но Венгер интервенираше и го задржа Французинот кај „топчиите“.
Сепак, 31-годишниот Жиру нема стартерски настап во Премиер лигата оваа сезона и не сака да ризикува најверојатно последен настап за Франција на Светските првенства. Неговата сопруга Џенифер го очекува нивното трето дете и е навикната на животот во Лондон и тој не сака да оди во Ливерпул, така што најдобра опција се тимовите на Вест Хем и Кристал Палас.