Една ѕвезда од Премиер лигата доби забрана од англиски букмејкер откако потрошил 5.5 милиони фунти за неколку месеци на обложување, објавува британскиот „Сан“.
Фудбалерот не е именуван, но се верува дека заработувал по 100.000 фунти неделно, но трошел над 250.000 фунти неделно на онлајн казино игри и на веб-сајт за обложување, пред букмејкерот да го суспендира и да му го затвори акаунтот.
„Тој беше сметан за компулзивен обложувач и затоа менаџерите мораа да реагираат. Потроши над 5.5 милиони фунти, нешто што обично ги радува обложувалниците, но во вакви случаи постои и загриженост за импликациите од случајот“, изјави човек од обложувалницата за „Сан“.