Фудбалерите на Мајорка го победија Еспањол 2:0 (1:0) во првиот натпревар од неделната програма во Ла Лига. Мајорка ја запиша втората победа во шпанскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не настапи на овој натпревар.
Мајорка во пладневниот термин победи со головите на Будимир во 37 и Салва Севилја во 73 минута.
Мајорка со оваа победа ја прекина лошата серија во која се наоѓаше. На претходните шест натпревари играчите на Мајорка забележаа пет порази.
Еспањол го забележа третиот пораз на последните четири натпревари. Екипата која во четвртокот во Москва ја победи ЦСКА во Лига Европа се наоѓа на претпоследното место на табелата во Ла Лига.