Аталанта забележа нова победа во Серија А и по ова коло ќе остане најблиску до водечката двојка на табелата Интер и Јувентус. ВАР и ја одзеде победата на Рома над Калјари во 89 минута, додека во меч со два црвени картони Болоња и Лацио одиграа 2:2. Екипата на Болоења од клупата ја предводеше тренерот Синиша Михајловиќ кој ја напуштил болницата Сен Ороси.
Аталанта победата над Лече ја обезбедија во интервал од 21 минута кога постигнаа три гола. Запата погоди во 35 минута, пет минути подоцна Колумбиевцот му асистираше на Папу Гомес, а во 56 минута погоди и Госенс. Конечнте 3:1 ги постави Лучони.
Рома и Калјари одиграа 1:1, а победата на „волчицата“ и ја одзеде ВАР. Видео-асистентот пресуди дека на голот на Калиниќ во 89 минута му претходен прекршок. Во првото полувреме Педро постигна гол од пенал за Калјари во 26 минута, а пет минути подоцна со авто-гол израмни Чепители.
Интересен натпревар одиграа Болоња и Лацио, заврши 2:2, а головите беа постигнати до 40 минута. Болоња два пати имаше предност преку Крејчи и Паласио, а Лацио преку Имобиле успеваше да израмни.
Двата тима мечот го завршија со играч помалку, најпрвин Лукас Леива за осум минути доби два жолти картни, а директен црвен кртон доби Гери Медел.