Во МЛС-лигата во САД заврши регуларниот дел од сезоната. Последното коло го обележа Мексиканецот Карлос Вела кој постигна 34 гола што е нов рекорд во лигата.
Лос Анџелес ФЦ, во последниот меч од регуларниот дел на сезоната, забележа победа над Колорадо Рапидс 3:1. Трите гола за Лос Анџелес ги постигна Вела со што стигна до бројката од 34 гола во регуларниот дел од сезоната.
28' – Carlos Vela breaks MLS's all-time scoring record
31' – Vela scores AGAIN with a bicycle kick ? pic.twitter.com/0lWm3wPgUs
— ESPN FC (@ESPNFC) October 6, 2019
Мексиканецот го сруши рекордот на Џозеф Мартинез. Зад Вела на второто место заврши Златан Ибрахимовиќ кој сезонава постигнал 30 гола.
Ибрахимовиќ постигна еден гол во поразот на Лос Анџелес Галакси од Хјустон Дајнамо 2:4.
Во плеј-офот се пласираа Лос Анџелес ФЦ, Сиетл Саундерс, Рил Солт Лејк, Минесота, Лос Анџелес Галакси, Портланд Тимберс и Далас од Западната конференција, односно Њујорк сити, Атланта Јунајтед, Филаделфија јунион, Торонто, ДЦ Јунајтед, Њу Ингланд Ред Булс и Њу Ингланд Револушн од Источната конференција.