Нголо Канте е еден од најдобрите дефанзивни играчи од редот за врска во светот на фудбалот. Освојувачот на Премиер лигата со Лестер и Челси и светски првак со Франција, според шпанските медиуми ќе биде трансфер цел на Јувентус и Реал Мадрид наредното лето.
Влијателниот медиум од Каталонија „Спорт“ објави дека Зидан бил воодушевен од францускиот репрезентативец.
Наводно во Мадрид биле загрижени од формата на Касемиро и сметале дека Канте би можел да биде лидер во редот за врска во наредните пет години.
Канте во тимот го сака и Маурицио Сари кој минатата сезона соработуваше со него во Челси. Челниците на Јувентус биле убедени дека сума од 80 милиони фунти би била доволна за да го донесат 28 годишниот фудбалер во Торино.
Договорот на Канте со Челси истекува во 2023 година.