Top Sport

Ди Франческо решил да замине од Сампдорија

Еузебио Ди Франческо немало да чека да добие отказ туку решил самиот да ја напушти Сампдорија. Поранешниот тренер на Рома ја презеде Сампдорија во јуни кога Марко Џанпаоло се пресели во Милан.

Самдорија под водство на Ди Франческо по седум кола се наоѓа на последното мест на табелата. Тимот има една победа и шест порази и гол разлика 4:16.

Ди Франческо има договор до јуи 2022 година но како што објави „Кориере дело Спорт“ тој бил подготвен спогодбено да го раскине договор.

Како можен наследник на Ди Франческо се споменува поранешниот тренер на Фиорентина Стефано Пиоли.

Scroll to Top