КОМЕН Медитерански куп на отворени води наредната година ќе се одржи во септември во Охрид.
Медитеранскиот куп на отворени води дополнително ќе ја збогати пливачката агенда за следната година во градот Охрид. Купот ќе се одржи во две возрасни категории.
Во едната ќе пливааат учесници 2004/05 годиште на 5 километри, додека во втората ќе се натпреваруваат пливачи родени 2003/04 на 7.5 километри.
Дополнително ќе има и штафетно натпреварување кои исто така привлекува големо внимание.
Со КОМЕН Медитерански куп на отворени води ќе заврши пливачката сезона која ќе започне на средината од месец јули со организација на 10 километарски трки.