Селекторот на фудбалската репрезентација на Колумбија, Карлос Кеирош, ги демантирал медиумите дека Хамес Родригез самиот побарал да биде изоставен од списокот за пријателските натпревари со Чиле (12 октомври) и Алжир (15 октомври).
Медиумите објавија дека играчот на Реал Мадрид побарал одмор, но Кеирош вели дека тие информации не се точни.
„Некои говореа дека Хамес побарал да не биде повикан. Тоа не е вистина. Со ниту еден фудбалер не разговарам на таков начин. Одлуката е природна и е само моја. Повикав играчи што ми се потребни за да ги остварам целите“, рекол Кеирош.
„Морам да мислам на иднината.. Се надевам дека нашите најдобри играчи ќе бидат подготвени кога ќе ги играме квалификациските натпревари“.
28 годишниот Хамес Родригез од почетокот на сезоната има одиграно седум натпревари за Реал, на кои постигнал еден гол.