Top Sport

Лукаку служи за потсмев – две асистенции за Сити (видео)

Давид Силва и Никола Отаменди добија „одлични асистенции“ од Ромелу Лукаку во манчестерското дерби, по што белгискиот напаѓач беше „распнат“ на социјалните мрежи.

Иако на почетокот на сезоната по трансферот од Евертон за големи пари, Лукаку ги оправда очекувањата со импресивни голови, останува сомнежот колку е вреден во големите мечеви. Во неделата, тој беше активен, но за жал на „Ѓаволите“ во сопствениот шестнаесетник.

Твитер нормално „експлодираше“.

Мурињо, како и досега, сигурно ќе застане во одбрана на Белгиецот, но останува фер да се постави прашањето дали Јунајтед требаа да добијат повеќе од играч за кој платија 75 милиони фунти, сума која ќе порасне на 90 милиони фунти во текот на летото.

Лукаку е млад – има само 24 години и најдобрите напаѓачки години треба да се пред него, но ако се погледнат првите шест месеци во дресот на „Ѓаволите“, мора да се забележи дека неговата игра е подобрена. Тој има 13 гола за Јунајтед досега, но само два во последните 14 меча. Плус, без Пол Погба во тимот, тој изгледа целосно безопасен.

Јунајтед имаа една добра шанса против Ливерпул на „Енфилд“ во октомври – и Лукаку промаши. Минатиот месец кај Челси имаше слична ситуација. Тоа е разликата помеѓу разлика на табелата од 11 поени и 6 поени.

„Жал ми е за момчето“, изјави Тјери Анри по мечот.

Scroll to Top