Манчестер Јунајтед нема да му врачат отказ на тренерот Оле Гунар Солскјер. „Тајмс“ пишува дека клупските челници решиле да му ја дадат поддршката на Солскјер и во случај Јунајтед да бидат поразени во дуелот со Ливерпул.
Според овој извор, челниците на Манчестер Јунајтед биле решени да го заокружат подмладувањето на тимот и да му помогнат на тренерот да ги реализира своите замисли.
Наводно тие веќе ги означиле трансфер-целите за наредното лето, тоа се Деклан Рајс од Вест Хем и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Исто така се шпекулира дека Јунајтед ќе понудат голема сума на пари за да го донесат Калиду Кулибали од Наполи.