Јирген Клоп не можат да го заборават во Дортмунд. Актуелниот шеф на струката во Ливерпул, со Борусија освои две шампионски титули (2010/2011, 2011/2012), еден Куп (2011/2012), два Суперкупа (2013, 2014), а во сезоната 2012/2013 стигна до финалето во Лигата на шампионите.
Клоп од 2015 година е во Ливерпул, минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, за за „влакно“ остана без титулата во Премиер лигата.
Јасно е дека е еден од најдобрите во светот, а во Борусија не можат да заборават што се постигнал со клубот.
Првиот човек на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке, во 2018 година му понудил на Клоп да се врати во Дортмунд.
„Знаев дека Јирген ќе си го испочитува договорот до крај . Сепак јас сакав да отворам ново поглавје во Борусија и едноставно морав да го замолам да размисли“, рекол Вацке.
Неговата приказна ја потврдил и Клоп.
„Бев во авион кога ми ѕвонеше телефонот. ‘Јирген те молам да се вратиш’. Мислев дека се шегува“, рекол славниот тренер и продолжил.
„Дали си луд или пијан?Откаде таква идеја? Ми останаа уште неколку години во Ливерпул“, му порачал тој на Вацке.
Првиот човек на „милионерите“ од Дортмунд рекол дека „никогаш нема да си простам што во тој момент не го молев да се врати“.