Top Sport

Конечно победа на Милан, Гатузо го слави Бонавентура (Видео)

Џенаро Гатузо конечно ја оствари својата прва победа на клупата на Милан. „Росонерите“ во 16.коло, во Серија А, ја совладаа Болоња со 2:1. Гатузо во својот трет натпревар како тренер на Милан ја забележа првата победа.

Победата на Милан ја најави Бонавентура кога во десеттата минута со прецизен удар го совлада голманот на Болоња Миранте.

Болоња успеа да израмни десетина минути подоцна со голот на Верди.

Победата на Милан му ја обезбеди Бонавентура со својот втор гол во 77 минута. Играчот од средниот ред ослично реагираше по центаршутот на Борини.

Екипата на Милан го освои 24 поен во Серија и се наоѓа на седмото место на табелата, додека Болоња има три бода помалку на деветтото место.

„Џек“ Бонавентура се надева дека победата ќе биде „нов почеток“ за Милан и за нивниот тренер Џенаро Гатузо.

„Денеска беше најважно да се победи, бидејќи доаѓаме од период со интензивна работа без да се пофалиме со резултатите. Имаме доволно квалитетни играчи да имаме поголема контрола на топката и се обидовме да го направиме тоа денеска. Се надевам дека ова е нов почеток за Милан. Мечот беше добар, а можеме да бидеме и подобри. За мене лично, ова е прекрасно, бидејќи на почетокот на сезоната не бев во најдобра форма. Сепак, најважни се трите поени за тимот“, изјави Бонавентура.

Scroll to Top