Една од големите sвезди на Англија, Рахим Стерлинг, ги потврди неодамнешните ставови во кампот на „Трите лава“.
Изминатите неколку дена се појавија тензии околу зборовите на некои англиски репрезентативци дека би можеле сами да го напуштат теренот и да го прекинат секој од претстојните квалификациски дуели со Чешка и Бугарија поради манифестација на расизам.
Британците инсистираат на тоа дека имаат верба во протоколот на УЕФА и ќе го почитуваат.
И Рахим Стерлинг за кого британските медиуми тврдеа дека бил предмет на расистички навреди за време на посетата на Бугарија на „Вембли“, го потврди тоа.
„Мислам дека како тим не бевме добро подготвени за тоа што се случи во Црна Гора. Моравме да знаеме дека постои одреден протокол според кој да дејствуваме. На почетокот на неделата имавме состанок на кој Гарет ни објасни каков е протоколот на УЕФА. Сега мора да и дадеме на УЕФА шанса да преземе одговорност и да се справи со ситуацијата. Во овој момент, имаме целосна доверба во УЕФА“ – рече Стерлинг.