Top Sport

Клоп е повторно менаџер на месецот во Премиерлигата

По август, Јирген Клоп е прогласен за најдобар менаџер и за месец септември во Премиерлигата. Неговиот Ливерпул засега нема изгубено ниту еден бод во лигата.

Ливерпул сите свои противници досега сезонава ги совлада, а киксевите на најголемиот ривал Манчестер Сити му овозможија да има дури 8 бода предност пред „граѓаните“.

Во септември Ливерпул најпрво славеше против Њукасл со 3-1, потоа против Челси со 2-1, па со Шефилд Јунајтед со 1-0.

Во октомври „црвените“ го совладаа Лестер со 2-1, во најтешкиот меч за нив сезонава, со гол од пенал во судиското надополнување.

Кога ќе заврши репрезентативната пауза, Ливерпул ќе игра со Манчестер Јунајтед во деветтото коло од ПЛ, а во октомври им следат и мечеви со Тотенхем и Арсенал.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');