Доколку менаџерот на лондонски Арсенал, Унаи Емери не успее тимотда го пласира на една од првите четири позиции на табелата во Премиерлигата, на крајот на сезоната ќе добие отказ.
Нему тоа неодамна наводно му го соопштиле од Управата на „топчиите“, а нешто слично потврди и директорот на клубот, Раул Санилехи коментирајќи ги засилувањето пред почетокот на сезонава.
„Топчиите“ купија играчи вредни околу 170 милиони евра. На „Емирати“ стигнаа Пепе, Кјеран Тирни, Мартинели, Давид Луис и Дени Себалос, на позајмица од Реал Мадрид вредна 15 милиони евра.
Засега најголем проблем за Емери е слабата форма на Николас Пепе, најскапиот играч во историјата на клубот, кој од Лил дојде во Лондон за 80 милиони евра.
Арсенал по 8 кола во ПЛ е трет на табелата, со бод помалку од Манчестер Сити, а со бод повеќе пред Лестер и Челси. Сезонава загубија само еднаш, но затоа имаа три нерешени дуели.