Top Sport

„Тутоспорт“: Ракитиќ во јануари оди во Интер за 55 милиони евра

„И јас би сакал да знам кои се причините за мојата ситуација во Барселона. Во фудбалот се случуваат работи кои секогаш не можеме да ги разбереме, но мораме да ги испочитуваме. Незгодно и тешко ми е затоа што се навикнав да играм, секогаш бев подготвен да дадам се за екипата, а сега тоа малку се промени. Искрен сум и чесен, знам каква е ситуацијата, но не можам да ја разберам, криво ми е, одвај чекам да се вратам на терен затоа што таму ми е најубаво. Не дојдов во Барселона да шетам на плажа, не сакам таков живот. Разговарав со луѓето во клубот, останав иако размислував и за други ситуации“ – рече меѓудругото хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ пред мечот на „коцкастите“ со Унгарија во Квалификациите за ЕУРО 2020.

Зборовите на фудбалерот одекнаа во Европа, па големите европски клубови се фрлија во акција откако Ракитиќ наговести дека во јануари сака да го напушти „Ноу Камп“.

Манчестер Јунајтед покажа интерес, но италијански „Тутоспорт“ пишува дека Интер во зимскиот преоден рок ќе го доведе Хрватот на „Џузепе Меаца“.

Италијанскиот весник пишува дека отштетата би се движела околу 55 милиони евра затоа што Ракитиќ има договор со Каталонците до летото 2021 година.

Од неговото доаѓање во Барселона летото 2014 година, од Севилја, Ракитиќ беше еден од клучните играчи. Сезонава тој го загуби местото во тимот во конкуренција на Де Јонг, Артур, Бускетц и Видал.

Од почетокот на сезоната само еден меч започна во првиот состав.

Scroll to Top