Top Sport

Тимот на „фудбалски пензионери“ од 2019 би можел да го покори светот (фото)

Тим составен од фудбалери кои се „пензионирале“ оваа година би можел да се бори за сите можни титули.

Годинава од фудбалот се повлекоа неколку познати фудбалски имиња кои жареа и палеа низ годините во Европа.

Некои од нив се простија во тимовите во кои професионално се остварија, а некои тргнаа по пари во далечни светови.

Арјен Робен кариерата ја заврши во Баерн, каде помина 10 години, додека неговиот сонародник Весли Снајдер се повлече играјќи за катарски Ал-Гарафа.

Годинава кариерата ја завршија и Фернандо Торез (Саган Тосу), Чави Ернандес (Ал Сад), Бастијан Швајнштајгер (Чикаго Фајр), Робин Ван Перси (Феенорд), а кариерата ја заврши и прославениот чешки голман, Петр Чех (Арсенал).

Погледнете како би изгледала веројатно најдобрата прва постава на „пензионирани“ фудбалери во 2019, под водство на холандскиот стратег, Луј Ван Гал:

Scroll to Top