Неверојатно промашување е видено на натпреварот во сроскиот шампионат помеѓу Наредак и Партизан.
Напредак го изненади фаворитот, победи со 2.1, а можеше да има и гол повеќе во конечниот скор доколку Аливодиќ не промашеше празен гол.
Во финишот Партизан имаше корнер и целиот тим на чело со голманот Стојковиќ тргна пред голот на противникот. Но по корнерот се отвори контранапад на Напредак, Аливодиќ го претрча целиот терен, дојде до работ на шеснаесетникот и малку откосо од левата страна го промаши голот.
Аливодиќ на спротивната страна имаше слободен соиграч, но тој не помисли нему да му ја проследи топката.