Top Sport

Гоф ја освои првата ВТА титула

Американската тинејџерка Коко Гоф ја освои својата прва ВТА титула во кариерата. 15 годишната Американка во финалето на турнирот во Линц ја победи Елена Остапенко од Летонија со 6/3, 1/6, 6/2.

Гоф стана најмладата освојувачка на ВТА титула уште од Никол Ваидишова во 2004 година. Таа стана е втората тенисерка, во последните две сезони, која како „лаку-лузер“ успеала да стигна до својата прва ВТА титула. Минатата сезона тоа и успеа на Србинката Олга Даниловиќ во Москва.

Коко Гоф која ја воодушеви јавноста со своите настапи на Вимблдон од понеделник ќе се наоѓа на 71 место на ВТА листата.

Scroll to Top