Хуан Мата во кариерата имаше шанса да игра со многу фудбалски ѕвезди, а и самиот е доволно вешт со топката. Шпанскиот репрезентативец и член на Манчестер јунајтед не се двоумеше околу изборот на најдобриот фудбалер со кого играл.
„Ако зборуваме за тоа со кого сум играл, се работи за фудбалер кој не е ниту посебно брз, ниту силен, ниту висок. Андрес Иниеста. Кога играме за Шпанија секогаш знае кога да ја додаде топката. Секогаш те подобрува како играч. Истото е и со Зинедин Зидан. Неговите индивидуални квалитети беа неверојатни. Кога бев во резервите на Реал Мадрид тренирав со Зидан, Бекам, Роналдо, Раул. Сите големи имиња, но Зидан сите ги правеше да изгледаат многу подобро“, изјави Мата.