Григор Димитров, очекувано, е добитник на „Спортски Икар“, како најдобар бугарски спортист според фондацијата „Бугарски спорт“.
Најдобриот бугарски тенисер имаше фантастична сезона во која освои четири трофеи, Бризбејн, Софија, Синсинати и за крајот на сезоната, АТП финалето во Лондон за да се искачи на третото место на АТП листата.