Милан преговараат да го пратат босанскохерцеговскиот репрезентативец Раде Круниќ во тимот на Џенова во јануари, каде што би се обединил со својот поранешен тренер Аурелио Андреацоли, под кого играше во Наполи.
Круниќ дојде ова лето од Емполи за 8 милиони евра, но досега има само еден настап како замена за 45 минути против Фиорентина (во меч кој Милан го загуби). Според „Тутомеркато“, преговорите со во напредната фаза и од јануари тој ќе биде позајмен на Грифоне.
26-годишниот Круниќ е во Италија од 2015 година, и играше во Верона и Емполи.