Тренерот на Тони Фергусон, Еди Браво, ги прогнозирал шансите на својот борец против Хабиб Нурмагомедов. Мислењето на Браво е дека Фергусон против Нурмагомедов бил подготвен да направи нешто што сите досегашни противници на Дагестанецот избегнувале да го направат, со што би требало да добие предност во борбата.
„Кога се работи на борба на ова ниво не би требало ништо да прогнозирам, но во секој случај одиме на победа. Знаеме и како да дојдеме до неа“, рекол Браво и појаснил на што точно мисли.
„Не можем повеќе ништо да ви кажам, но постои нешто што другите досега не го применувале против него, а што ќе го примениме ние. Сите бегаа од борба на подот со Хабиб, кога ќе завршија долу бара начин како преку оградата што побргу да станат. Тони не е тип што ќе направи нешто такво. Тој е некој што од таква позиција може да нападне“.
Борбата помеѓу Нурмагомедов и Фергусон би можела да се случи на пролет наредната година.