Top Sport

Федерер: 2017-та е мојата омилена година

Светскиот рекет број 2, Роџер Федерер вели дека кам-бекот по повредата му ја направил 2017 најомилената година во неговата кариера.

Швајцарецот оваа година се врати со две гренд слем титули (Австралија опен и Вимблдон) за прв голем трофеј од Вимблдон 2012 година. Уште поимпресивно, успехот дојде откако тој пропушти поголем дел од сезоната 2016 поради пвореда на грбот и на коленото.

Тој е оптимист пред 2018, но вели дека целата приказна во 2017 ја прави сезоната негова најомилена.

„Годината беше навистина огромна! Можеби мојата омилена. Ако во 2018 имам половина успех од оваа година, ќе бидам презадоволен“, вели Федерер во интервју за „Експрес“.

Федерер исто така го пофали својот тренер, Северин Лути, кој доби награда за најдобар тренер во Швајцарија.

„Северин ја заслужи таа награда и имам среќа што го имам во мојот тим. Тој беше темел во мојот тим сите овие години. Му благодарам за тоа“, додаде Федерер.

Scroll to Top