Top Sport

Ултрасите на Милан ќе молчат 90 минути на дебито на Пиоли

Вечерва (20.45), своето деби на клупата на Милан ќе го има новиот тренер Стефано Пиоли во дуелот на „Сан Сиро“ против новиот прволигаш Лече, но „росонерите“ нема да ја имаат поддршката на своите навивачи.

Иако се продадени над 48 илјади билети на навивачите на Милан (заедно со 2.700 на навивачите на Лече), ултрасите на „росонерите“ најавија дека ќе молчат цли 90 минути и единствениот коментар за состојбата во славниот клуб ќе ја покажат преку своите транспаренти.

Покрај од слабата форма и покрај големите најави во Милан се разочарани и од ангажирањето на Пиоли, кој во минатото призна дека навива за градскиот ривал Интер (чиј поранешен тренер исто така е).

Scroll to Top