Top Sport

Баерн ќе биде без Зиле неколку месеци

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Никлас Зиле го очекува повеќемесечна пауза откако доби скинати лигаменти на коленото и веднаш ќе оди на операција, потврди германскиот шампион.

Германецот се повреди во првото полувреме од 2:2 ремито против Аугзбург во саботата, и сега го очекува подолга пауза. 24-годишниот Зиле ги скина лигаментите во истото колено и во 2014 година.

Ова е уште една лоша вест за Баварците, кои се само трети во Бундеслигата и без победа во последните два меча, примајќи 10 гола во последните осум меча. Баерн следната недела гостува на Олимпијакос во меч од Лигата на шампионите.

Scroll to Top