МЗТ Скопје ја забележа првата победа со новиот тренер Жарко Лукајиќ, откако со 80:52 го совлада Кожув во Гевгелија, откако домашниот тим настапи без еден од своите најдобри играчи Марк Хил, кој го напуштил тимот.
Во деветтото коло од домашното првенство, МЗТ стигна до шестата победа, со што е на третото место на табелата, зад непоразениот Работнички и Блокотехна.
МЗТ предноста ја направи во првото полувреме (40:20), по што рутински го доведе мечот до крај како совршена подготовка за гостувањето кај Партизан во сабота.
Најефикасен кај шампионот беше Јуре Лалиќ со 14 поени, а по 10 имаа Симоновски и Мајсторовиќ, додека кај домаќините Иван Мишковиќ постигна 12 поени.
Кожув – МЗТ Скопје 52:80
Фото: МЗТ Скопје