Манчестер јунајтед мораат да го „отворат ковчежето“ и да го купат Килијан Мбапе за да го преродат тимот, смета поранешниот фаворит на навивачите на „ѓаволите“, Луис Саха.
Слабите резултати на Јунајтед оваа сезона посебно се видливи во нападот, каде што тимот на Солскјер ретко кога изгледа опасно, и Саха смета дека врвните напаѓачи се многу ретки во денешниот фудбал и затоа клубот мора да се обиде да го донесе Мбапе.
„Ако ме прашате мене, јас би дал многу пари за Мбапе. Има многу малку напаѓачи кои се толку добри. Левандовски е редок пример за напаѓач и нема многу такви во Европа. Јунајтед има потреба за некој напред кој е доволно силен да ја држи топката и да дава време на играчи како Пол Погба и Скот Мектоминеј да креираат нешто во средината. Во моментов во Јунајтед се бара премногу од млади фудбалери и тоа не функционира“, вели Саха.