Себастијан Фетел во Ферари беше најбрз на вториот слободен тренинг пред Мексиканското ГП, победувајќи го Макс Ферстапен во Ред бул за 0.115 секунди.
Фетел го постави најдоброто време на стартот на сесијата со „средни“ гуми на Пирели, со 1:16.607, за 0.223 секунди пред колегата Шарл Леклер, по што двајцата возачи на Ферари ги имаа првите две позиции пред црвеното знаме по судирот на Александер Албон во Ред бул.
Во финишот на сесијата, Ферстапен успеа да се „протне“ меѓу двајцата возачи на Ферари со круг од 1:16.772. Валтери Ботас беше четврти за Мерцедес, додека Луис Хамилтон, кој може да ја освои својата шеста титула на улиците на Мексико Сити во недела беше петти со 0.963 секунди заостанување.
Во топ 10 уште беа, Данил Квјат (Торо росо), Пјер Гасли (Торо росо), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен), Нико Хилкенберг (Рено) и Лендо Норис (Мекларен).
#F1 – Sebastian Vettel topped the 2nd free practice session ahead of @Max33Verstappen & @Charles_Leclerc Leclerc ??⬇ #MexicanGP pic.twitter.com/x8HqDu0ap2
— FIA (@fia) October 25, 2019