Милански Интер не успеа да го искористи денешниот кикс на Јувентус кај Лече (1-1) и со 3 бода да избие на чело на табелата во Серија А. „Нероазурите“ одиграа нерешено 2-2 против екипата на Парма.
Пулените на тренерот Конте знаејќи дека победа ќе им донесе можност повторно да се вратат на врвот на табелата во првата италијанска лига офанзивно влегоа во мечот, а гостите го користеа отворениот простор и со контра-напади се закануваа по голот на Хандановиќ.
Кандрева во 23 минута донесе водство за домашните. Сепак по само 3 минути Карамо го врати мечот во егал.
Капитенот на Парма Жервињо по само 4 минути донесе неочекувана предност за гостинскиот тим, резултат со кој се замина на одмор.
Интер тргна на се или ништо во второто полувреме, па во 51 минута Лукаку донесе изедначување.
По израмнувачкиот погодок темпото на мечот се намали и резултатот остана непроменет.
По ова коло Интер е втор на табелата со бод помалку од лидерот Јувентус.