Top Sport

Без победник во крвавото белградско дерби (Видео+фото)

Најголемото дерби во Србија, дуелот на Партизан и Црвена звезда кој беше 156. по ред, заврши без победник 1:1 (0:0). Со овој натпревар заврши есенскиот дел од сезоната во српската Супер лига. Лидер по 22 кола е Црвена звезда со 57 бода, девет повече од Партизан.

Дербито кое со оглед на тешкиот терен донесе добар фудбал беше решено во последните 30 минути.

Сума во 62.минута успеа да реализира пенал, а најдобриот стрелец на Црвена звезда Боачи во 74.минута го постави конечниот резултат.

Сепак 156.дерби нема да се паменти поради она што се случуваше на теренот, туку поради настаните на јужната трибина на стадиното на Партизан. Во 40.минута натпреварот мораше да биде прекинат за припадниците на специјалната полициска единица да можат да извлечат група на навивачи од трибината.

Се уште нема точни информации дали се работи за навивачи на Црвена звезда кои влегле на трибината каде што вообичаено им припаѓа на нивните опоненти од Партизан или се судриле две фракции на навивачката група на Партизан „Гробари“.

Во инцидентото оние кои влегле на трибината биле претепани, горени со факели и соблечени. Еден навивач без парче облека на себе беше евакуиран од трибината.

Белградските медиуми повикувајќи на изјавата на портпаролот на Итната помош објавија дека повредени биле помеѓу 17 и 19 навивачи, а еден од нив бил префрлен на Војно-медицинската академија и лекарите се борат за неговиот живот.

фото/StarSport

Scroll to Top