Top Sport

Милан бара наследник на Донарума, во игра четири имиња

Италијанските медиуми наголемо пишуваат дека младиот голман на Милан Џанлуиџи Донарума ги брои последните денови на „Сан Сиро“.

Пред два дена менаџерот на голманот Мино Рајола најави дека ќе го тужи клубот и ќе бара раскин на договорот, бидејќи летото кога Донарума го продолжи договорот во него не биле вградени клаузулите за откуп на договорот.

Рајола барал една клаузула за откуп на договорот да биде 70 милиони евра доколку Милан избори пласман во Лигата на шампионите, а второта да изнесува 40 милиони евра доколку „росонерите“ не се пласираат во елитното натпреварување.

Поради ова раководството на Милан веќе започнало да ги разгледува имињата на потенцијалните наследници ан Донарума.

Според медиумите на Апенините во игра се четири имиња: Матиа Перин (27) соиграчот на Горан Пандев во Џенова, Пепе Реина (35) од Наполи кој две сезони најавува заминување но се уште е во Неапол, Кевин Трап (27) кој го загуби местоот во ПСЖ и искусниот Славаторе Сиригу кој брани за Торино.

Scroll to Top