Атлетико Мадрид, во саботата, забележаа победа над Атлетик Билбао (2:0) и го задржаа чекорот со водечките екипи во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне победи со головите на Саул Нигез и Алваро Мората со што ја прекина низата од три нерешени резултати во првенството.
Саботниот натпревар сепак го обележа Словенецот Јан Облак кој влезе во историјата на Атлетико Мадрид.
Против Атлетик Облак 163 пат го бранеше голот на Атлетико и 95 пат остана несовладан. На почетокот имаше спектакуларна одбрана по обидот на Мартинез, а во 32 минута го спречи и Раул Гарсија да постигне гол.
Облак го сруши рекордот на Абел Ресино, кој исто така на 95 натпревари бил несовладан, меѓутоа за такво остварување му биле потребни 243 натпревари.
Словенецот има неверојатен просек, на 58 отсто од натпреварите не бил совладан.
Изминатите два месеци, во дресот на Атлетико тој има уште една импресивна статистика, успеал да одбрани 18 од 19 гол-шанси. Единствениот кој успеада го совлада во овој период е Дани Парехо од Валенсија.
Jan Oblak (163 partidos) iguala a Abel Resino (243 partidos) como el portero en la historia del @Atleti que más veces ha dejado la portería a cero en Primera División (95). pic.twitter.com/xZS0NYa7jy
— Víctor Molina Pozo (@VictorMolina7) October 26, 2019