Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ги налути граѓаните на Риека со изјавата дека фудбалскиот клуб од овој град во текот на 80 години од минатиот век бил резервен клуб на Партизан и Црвена ѕвезда.
Грабар-Китаровиќ ова го изјавила по премирата на филмот „Играта на Иван“, во кој тема се животот и кариерата на легендарниот фудбалер на Хајдук и репрезентацијата на СФРЈ, Иван Гудељ.
„Како риечанка ги гледав натпреварите на Риека, но тогаш нашата Риека беше резервен клуб за Партизан и Црвена ѕвезда, а домашните играчи кои беа добри и квалитетни заминуваа во Хајдук или Динамо Загреб. Хајдук и Динамо беа во моето срце. Фудбалот за сите нас што ја сакавме Хрватска беше многу повеќе од спорт, тој не поврзуваше национално сите нас од југот до северот“, рекла претседателката на Хрватска.
Изјавата дека Риека била резервен клуб за гигантите од Белград предизвикала остар коментар на градоначалникот Војко Оберснел.
„Откако со црвениот пасош ја мина „Железната завеса“ и заминала на школување во САД, Колинда ја навреди Риека со изјавата дека е резервен српски клуб. Имали крај на ова?“, напишал Оберснел на својот профил на „Твитер“.