Четирикратниот шампион од Тур де Франс, Крис Фрум вели дека неговата репутација ќе остане иста по „необичниот“ позитивен тест на Вуелта Еспања оваа година.
Резултатите на Фрум покажаа дека тој има двојно повеќе од дозволената доза на средството против астма Салбутамол и Британецот вели дека тоа не значи дека тој направил нешто погрешно.
„Сфаќам дека ова е голем шок за луѓето, но јас дефинитивно не сум срушил ниту едно правило тука. Знам дека поради историјата на нашиот спорт не ми веруваат, но ова не е позитивен спорт. Доаѓаме од црна историја и сè што правев во мојата кариера да покажам дека свртевме нова страница“, вели Фрум во интервју за „Би-би-си“.
Тестот на урина од 7 септември покажал дека нивото на Салбутамол било 2.000 нанограми на милиметар, што е двојно повеќе од границата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) од 1.000 мг/мл.
„Јас сум професионален велосипедист кој 10 години се бори со астма. Ги знам правилата, ги знам лимитите и никогаш не сум бил над тие лимити. Има рутина при користењето на инхалаторот и ги дадов сите можни информации до УЦИ да се разјасни ситуацијата“, вели Фрум.