Извршниот директор на Интер Бепе Марота рекол дека клубот ќе биде активен во јануарскиот преоден рок.
Марота дополнил дека клубот ќе се обиде да му ги исполни желбите на тренерот Антонио Конте и дека во јануари ќе ги добие играчите што им ги посочил на клупските челници.
„Знаеме дека состојбата е алармантна, но ние со оптимизам гледаме кон јануарскиот преоден рок. Подготвени сме да ја искористиме шансата за да го засилиме тимот“, рекол Марота за „Кориере дело Спорт“.
„Сакаме тимот да го обликуваме според работната етика, според чувството за припадност и според вредностите што ги негува Конте“.
Интер ќе пазарат во јануарскиот преоден рок бидејќи повредите му ги расипаа плановите на Конте. Според шпекулациите Интер ќе донесат напаѓач и двајца играчи од редот за врска.