Разбојници со пиштоли во рацете влегле во домот на поранешниот ас на Јувентус Клаудио Маркизио и го ограбиле.
Грабежот се случил кога Маркизио и неговата сопруга Роберта биле во куќата. Под присила тој морал да го отвори сефот. Во негово присуство разбојниците однеле пари, накит, часовници…
Маркизио кој неодамна ја заврши кариерата веднаш по грабежот повикал полиција и пријавил дека разбојниците најверојатно се Италијанци.
Полицијата трага по разбојниците.